fbpx

Пекинг 2018: Mercedes-Benz вети 10 светски и азиски премиери

Mercedes-Benz објави дека за време на меѓународниот салон во Пекинг, кој започнува следната недела, на штандот на марката ќе се најдат 10 светски и азиски премиерни изведби

Основен акцент на штандот на марката ќе биде врз новите A- Класа Saloon и C-Класа Saloon, како и светската премиера на луксузната концептна креација Vision Mercedes-Maybach Ultimate Luxury за која коментираат дека е инспириран од кинеската култура.

За A-Class Saloon, кој е развиен само за кинескиот пазар и ќе се произведува на локално ниво, од Mercedes-Benz коментираат дека ќе предложи импресивен простор, како за возачот и совозачот, така и за патниците на задните седишта и ќе го вклучува новиот MBUX инфо-комуникациски и мултимедијален систем.

Во моментов од Mercedes нема детали за Vision Mercedes-Maybach Ultimate Luxury, само коментари дека моделот ќе ги демонстрира силните страни на најексклузивните луксузни автомобили и оние од исклучително популарните во текот на последните неколку години, SUV остварувања.

Mercedes Benz

Поврзани вести

Back to top button