fbpx

Goodyear развива специјални гуми за електрични возила

Модниот бран на лансирање на електрични возила наметнува нови предизвици за производителите на автомобилски гуми

Електромобилите се потешки, моторите имаат поголем вртежен момент на стартот, исто така, бараат намален отпор на тркалање…

Сето ова го поттикна Goodyear за специјален развој на гуми за електрични возила. Goodyear овој нов тип на гума го нарече EfficientGrip Performance prototype tire with Electric Drive Technology и дизајниран е да апсорбира поголем вртежен момент, да ја зголеми автономијата со едно полнење и да нуди потивка работа на патот.

Goodyear

Прототипот има мали засеци за да овозможи поголем контакт со патот и поефикасен пренос. Новите, построги слотови на гумата, според Goodyear, не ги намалуваат перформанси во смисла на сигурност при управување на влажна подлога, а истовремено обезбедуваат помала бучавост. Дизајнот на прототипната гума, исто така, вклучува засилени страници за да се приспособат на зголемената маса на електричниот автомобил поради употребените тешки батерии.

Во исто време, инженерите на компанијата успеаја да го намалат отпорот на тркалање и создадоа повеќе аеродинамични страници, што помага да се прошири опсегот на автомобилот. Goodyear ветува многу високи технологии со новиот прототип на EfficientGrip, а дефинитивно тие во иднина постојано ќе се надградуваат, бидејќи електричните автомобили навистина бараат попрецизен развој и избор на гуми.

Компанијата, исто така, ветува дека новата гума со својата серија ќе биде достапна за купување во Европа следната година.

Поврзани вести

Back to top button