fbpx

Од Mazda сепак продолжуваат да веруваат во дизелите

По Mercedes-Benz и Porsche и друг производител најави дека верува во иднината на дизел-моторите и ќе го продолжи нивниот развој

Тое е Mazda, каде што планираат да ги фокусираат своите напори за подобрување на технологијата на дизел моторите. Претседателот и извршен директор на компанијата за Европа, Џеф Гајтен, изјави за Auto Rai дека најголемиот проблем пред компанијата во моментов е создавање на големи, но економични теренци.

Mazda

-Токму таквите автомобили нашите клиенти во моментов многу ги бараат, а дизел моторот најдобро одговара на нив. Тој ќе ни помогне да ја исполниме оваа мисија, бидејќи луѓето сакаат теренец со ниска потрошувачка на гориво, а тоа е можно само со дизел мотор, објасни Гајтен.

 

Според топ-менаџерот, дизелот може да биде почист и помоќен, а развојот на такви мотори носи многу помали загуби отколку за хиридните системи. Гејтан верува дека благодарение на новите технологии, дизел агрегатите можат да бидат поеколошки полисти од бензинците. Шефот на Mazda додаде дека компанијата нема намера да направи автомобил помал од Mazda2. Според него, моделот од Класа А нема да донесе добри приходи, бидејќи сега се бараат автомобили од сегментот Б и поголеми.

Поврзани вести

Back to top button