fbpx

Кој има помоќен пикап Volkswagen или Mercedes?

Двата германски производители на автомобили, Volkswagen и Mercedes, се во нова интересна битка за освојување на пазарот

Тоа е во еден сегмент каде што двете компании немаат голема традиција и допрва претстои да ги потврдат своите вредности- пикап.

Пред некое време Mercedes најави дека ќе го предложи најмоќниот пикап на европскиот пазар и тоа го исполни, лансирајќи верзија на X-Class со 3.0-литарски дизел, со моќност од 258 КС и 550 Nm вртежен момент. Во исто време топ-варијантата на VW, изведбата Amarok веќе се нудеше со V6 TDI со истиот обем, но со 224 КС и 550 Nm.  Пикапот од Волфсбург исто така беше опремен со функцијата overboost, со моќност до 245 КС за краток временски период.

пикап

Но, по овој потег на Mercedes, во Volkswagen решија да ги променат работите во своја корист и работеа на нов мотор. Тој сега развива 258 КС и 580 Nm, со што се усогласува со X-Class. Меѓутоа, со overboost, моќта веќе скока на 272 КС. Новата верзија на Amarok го задржува 8-брзинскиот автоматски менувач и системот за погон на четири тркала. Продажбата на пикапот веќе започна, со достапна варијанта од 258 КС, со почетна цена од 43.180 евра во Германија.

пикап

Поврзани вести

Back to top button