fbpx

Land Rover со конкурент на Mercedes-Benz X класа

Land Rover има намера да понуди конкурент на Mercedes-Benz X класа пикап

Автомобилот ќе стане дел од семејството на Defender и ќе се појави во 2020 година, објави Autocar.

Land RoverПикапот ќе биде со зголемено растојание помеѓу двете оски. Според првичните информации, моделот ќе биде достапен само со една кабина, бидејки двојната адаптација на оваа шасија е многу тешка.

Пикапот ќе биде понуден во сите модификации – од стандарден до супер-луксузен тип, со производство во погоните на компанијата во Мексико и Словачка. Моделот ќе биде достапен на пазарите во САД, Европа, Јужна Америка и Африка.

Land RoverШто се однесува до новата генерација Land Rover Defender, се планира оваа или следната година. Почетокот на производството ќе се совпадне со 70-годишнината од британскиот бренд.

Во суштина, новиот Defender ќе биде на алуминиумската платформа која се користи во новиот Discovery.

Поврзани вести

Back to top button