Пекинг 2018: Audi го покажа првиот SUV со долга база
Audi го користи меѓународниот салон во Пекинг за да демонстрира Q5L- првиот во историјата SUV предлог со издолжена база
Audi Q5L е дизајниран специјално за кинескиот автомобилски пазар и доаѓа со 88 mm зголемување на должината (до 4.77 метри), a како резултат на ова постигнат е поголем комфор за патниците на задните седишта. Издолжената верзија на Audi Q5 ќе се нуди со пет нивоа на опрема – Vogue, Lifestyle, Design, Sport и Sport plus.