Ford Fiesta стана минивaн
Разнесувачите на пици, кетеринг, цвеќе..., често се одлучуваат за употреба на мали возила кои се погодни за транспорт на помали товари
Не ретко се одлучуваат за моделите како што се Opel Corsa и Ford Fiesta. Последната неодамна блесна во ново поколение, а сега се појавува и како миниван.
Презентацијата на Ford Fiesta Van се одржа на изложбата на комерцијални возила во британскиот град Бирмингем. Моделот е хечбек со три врати, а не постои заден ред на седишта. Волуменот на багажниот простор е речиси 1.000 литри. Со капацитет од 500 kg во Ford Fiesta Van може да се поставуваат предмети со должина до 1,3 метри. Посебна преграда го одвојува возачот и патникот од товарниот простор.
За основниот Ford Fiesta Van е наменет 1.1-литарски бензински мотор со 85 коњски сили, а за малку подотераниот – еден литарски EcoBoost турбо мотор кој развива 125 КС. Дизел верзијата е една – 1.5 литри со 85 и 120 „коњи“. Автомобилот може да се пофали со систем за информации и забава со Sync состав, со 3,8-инчен екран на допир. Како опција, обезбедени се најтешките фелни, достапни за новата генерација на стандардната Ford Fiesta.