Пекинг 2018: Пет децении од дебито на првиот Jaguar XJ
Jaguar одбележува 50 години од дебито на првата генерација на лимузината XJ со специјално издание на актуелниот модел што дебитира на салонот во Пекинг
Специјалната верзија го носи името XJ50 и се разликува по новите браници, 20-инчни фелни, црна решетка на ладилникот и акцентите XJ50 на предните всмукувачи за воздух и задните издуви. Во кожаниот салон – амблемот е интегриран на седиштата, односно потпирачот за грбот, како и на централниот потпирач за раце. Специјалната верзија на XJ може да се порачува во стандардна и продолжена верзија и двете со 3,0 литарски бензински мотор со 340 КС и дизел со 300 „коњи“.