Mercedes-Benz е подготвен со два нови модели
Mercedes-Benz подготвува две претстојни премиери на своите модели во наредните месеци
Mercedes-Benz подготвува две претстојни премиери на своите модели во наредните месеци. Првата од нив ќе е на третата генерација на седанот CLS, а втората на седанот со 4 врати, во чија основа ќе биде каросерија AMG GT.
Новиот Mercedes-Benz CLS ќе се појави пред публика за време на автосалонот во Лос Анџелес во ноември, а ќе биде прикажана неговата хибридна модификација. Ќе се потпира на 6-цилиндерски бензински агрегат и електричен мотор. Во основата на моделот е новата E-Class, а во компанијата се откажуваат од верзијата Shooting Brake (комби).
Седанот со 4 врати на базата на каросерија AMG GT ќе биде прикажан пред публика на автосалонот во Детроит, во јануари. Сериското производство ќе стартува веднаш потоа, а дизајнот на автомобилот ќе биде многу близу до концептот претставен на салонот во Женева годинава. Автомобилот ќе биде изграден на платформата МРА која моментално се користи за моделите C63, E63 и S63 AMG. Поради намалувањето на тежината, поголемиот дел од конструкцијата ќе биде направена од алуминиум и челик со висока цврстина. Техничките карактеристики на моделот се чуваат во тајност, но според неофицијални информации тој ќе добие 4,0-литарски V8. Моќноста на моторот ќе изнесува околу 600 КС. Не се исклучува хибридна модификација.