fbpx

Audi го најави серискиот Q8

Audi продолжува да се подготвува за лансирање на Q8, луксузниот SUV во гамата на Господарот на прстените

Германците веќе покажаа дизајнерска скица на возилото, кое ќе се појави пред светот со полн сјај на почетокот на јуни годинава.

Новото лице на Q серијата ќе се појави на специјален настан во Шангај, бидејќи Кина ќе биде еден од главните пазари за возило. Серискиот Q8 ќе личи многу на концептот со истото име, кој Audi го покажа на салонот во Детроит минатата година, а тоа важи и за пропорциите и димензиите на возилото, кој е изграден врз платформата MLB-Evo. Q8 ќе застане над Q7 во гамата на брендот, а директните ривали ќе бидат Mercedes GLE Coupe и BMW X6.

Q8

Интересно кај дизајнот на Q8 е дека креаторите се обиделе да го приближат до оригиналниот Ur-quattro од 80-тите години, а тоа најлесно се воочува кај изгледот на последната колона и „веѓите“ над крилата. Речиси е сигурно дека сериската верзија на Q8 ќе го преземе целиот опсег на мотори од Q7 и плус дизел V8 единицата што се користи во SQ7. И ако се појави RS Q8, веројатно е дека оваа верзија ќе биде напојувана од бензинскиот би-турбо мотор од Lamborghini Urus V8. Сеуште не се знае кога точно ќе биде премиерата на Q8, но пред него Audi најави дека ќе го претстави новиот А6, па ќе треба да почекаме уште малку за новиот голем SUV на германската марка.

Поврзани вести

Back to top button