BMW подготвува одговор на Rolls-Royce Cullinan
Компанијата BMW го заштити индексот X8 и ќе предложи луксузен кросовер со тоа име
Стандардните верзии ќе им конкурираат на моделите на Range Rover и идното Auid Q8, а топ-изведбата ќе биде директен ривал на Bentley Bentayga, Lamborghini Urus и Rolls-Royce Cullinan. Директорот на одделот за развој на баварскиот концерн, Клаус Фројлих, потврди за Autocar, за претстојното излегување на сличен модел, но одби да открие детали. Причината е тоа што раководството на BMW сé уште не донело конечна одлука за тоа како да се креира луксузниот автомобил.
Првата опција е стандардна – BMW X8 да стане купе верзија на идното X7 што ќе се појави на пазарот до крајот на годината. Така Баварците направија со X5, кој беше претворен во крос-купе X6, како и со X3, кој по преработка на каросеријата стана X4.
Втората можност е новото X8 да претставува продолжена варијанта на X7, а ќе има простран салон и прав покрив. Во секој случај, кросоверот ќе биде испорачан со 4 или 5 седишта, додека X7 ќе има верзија со 7 седишта. Идејата е да се фокусираат на луксузот и удобноста на патниците.
Сепак, димензиите на идниот BMW X7 овозможуваат проширена верзија. Должината на моделот е 5.020 mm, а растојанието помеѓу двете оски е 3.010 mm. Кај Mercedes-Benz GLS овие индикатори се 5.131 и 3.076 mm, а кај стандардниот Range Rover – 4.999 и 2.922 mm.