fbpx

Alpina, исто така, ја поддржа иднината на дизелите!

Се повеќе и повеќе европски земји ја ограничуваат употребата на дизел мотори, принудувајки ги производителите да размислуваат во поинаква насока и да бараат нови опции

Сепак, прерано е да бидат „закопани“, бидејки се уште постојат големи компании кои веруваат во нив. Неодамна, беше најавена поддршката на Mazda за дизелите, по што следеше и онаа од Mercedes-Benz, па и од BMW. Компанијата Alpina, која работи со мотори од баварскиот производител, исто така им се придружи. Шефот на Alpina, Андреа Бовенсипен, рече дека дизел агрегатите имаат иднина. Според него, BMW има нова технологија за одржување на чистотата на овој тип на мотор.

Alpina

– Употребата на специјални катализатори и системот AdBlue значително ја намалуваат емисијата на NOx. Сигурен сум дека BMW може реално да ги покрие новите стандарди. Затоа, Alpina ќе продолжи да вложува значителни средства во дизел-технологиите, коментира Бовенсипен.

Според шефот на Alpina, хибриден погон го прави автомобилот многу потежок и ова може да биде фатално за модлеите на брендот. И покрај тоа што BMW веќе се префрла на хибридна технологија, Alpina не е подготвена за таков чекор.

Alpina

Поврзани вести

Back to top button