fbpx

Kои се најдобро продаваните пикапи во Европа?

Европскиот пазар за пикап возила забележа раст од 8,4%, или вкупно 59.200 единици, во првите четири месеци од годината

Од JATO Dynamics коментираат дека и покрај нискиот раст, побарувачката на овие повеќенаменски автомобили продолжува да се зголемува. Имено, пазарната партиципација се подобрила од 8.2% во периодот јануари-април во 2017 до 8,6% на крајот на минатиот месец. Најмногу овие остварувања се барани во Велика Британија, каде што и покрај падот во вкупната реализација на комерцијални возила од почетокот на годината, продажбата на пикап возила се зголеми за 1,3%, или 18.500 единици.

пикап возила

Со раст 7,1%, нивната продажба е во позитива и во Германија, а потоа се рангирани Франција, Шпанија и Шведска. Најголем удел на пазарот во овој сегмент има во Грција – 37%. Најпродаван пикап во Европа е Ford Ranger со 15.100 реализирани единици во првите четири месеци од годинава, а по него се подредуваат Toyota Hillux и Nissan NP300 / Navara. Во топ пет се Mitsubishi L200, Volkswagen Amarok и Isuzu D-Max.

Од JATO Dynamics посочуваат детали и за учеството на трите нови предлози на европскиот пазар, на Fiat Fullback, Mercedes X- Класа и Renault Alaskan, чија вкупната продажба е на ниво од вкупно 5.400 единици.

пикап возила

Поврзани вести

Back to top button