fbpx

Колбасот на Volkswagen 45 години

Дали знаете што стои зад кодот 199 398 500 во каталогот на оригинални авто делови и додатоци zа Volkswagen?

Некаде помеѓу резервните бришачи зa ветробранското стакло и новите плочки за сопирање е вкусниот и прочуен колбас од Волфсбург. Таканараечениот Currywurst е популарен колбас на германскиот пазар, кој го нуди производителот на автомобили Volkswagen точно 45 години. И тоа всушност е најдобро продаваната стока на брендот.

Минатата година беа продадени 6,8 милиони единици од прочуениот колбас, што значи 18.000 парчиња дневно. Вкусниот печен колбас е произведен во Германија, а нејзиното производство го спроведуваат 30 работници во близина на седиштето на VW во Волфсбург. Колбас почна да постои како храна за персоналот на Volkswagen, во мензата на компанијата, но сега може да се најде во речиси сите поголеми германски продавници и е добро познат.

Покрај тоа, кога купуваат сосема нов Volkswagen, дилерите често донираат пакет од пет колбаси со различни вкусови.

Volkswagen

Поврзани вести

Back to top button