fbpx

Кои се најголемите светски производители во 2018?

Светскиот пазар за нови автомобили забележа пораст од 5,2% за првите четири месеци од годината, што претставува реализација од 30,7 милиони единици

Само во април биле пласирани 7,44 милиони единици, соопшти focus2move агенцијата. Вкупно 8 од Топ 10 производители забележаа позитивни резултати, како во април, така и за од почетокот на годината со крајот на месецот. Најинтересна и натаму останува битката за првите три места каде Volkswagen Group, Renault-Nissan и Toyota Motor нудат вкупно 21 марки и држат приближно 1/3 од светската продажба.

Лидер по четири месеци на глобално ниво е германскиот концерн, кој е претставен од брендовите Volkswagen, Audi, Porsche, Skoda, Seat, Bentley, Lamborghini и Bugatti.

Оваа година продажбата на групата скокна за 7%, или вкупно 3.63 милиони нови автомобили. Само во април, растот изнесуваше 10,8%, односно 896.635 пласирани машини. Следуваат Алијансата Renault-Nissan со 3,4 милиони продадени единици во 2018 (+ 4,4%) и 771.638 во април (+ 3,3%) и Toyota Motor, со 3.220.780 (+ 1.9%) и 775.838 (+ 3.7%). Пад во однос на оствареното лани за истиот период имаат Ford Motor – 1.932.022 автомобили во 2018 (-6%) и 475.786 во април (-2,4%), а исто така и Honda Motors – 1.537.556 (-1,3 %) и 373.274 (-7.2%).

Светскиот пазар за нови автомобили

Поврзани вести

Back to top button