fbpx

Mercedes со нови детали за електричниот Concept EQA

Daimler понуди кратко видео кое го прикажува концептот на кросоверот на Mercedes EQА во движење

Следи и шеговитото клипче, во кое Мercedes се „простува“ со звукот на моторот со внатрешно согорување и ја поздравува тишината од ел-мобилот. Пред почетокот на летото Mercedes официјално не запознава преку видео со електричниот хечбек Concept EQА во движење.

Интересно е дека семејството на германските електромобили од Штутгарт во пракса е одговар на тековната гама на Tesla, односно EQA е директен конкурент на компактниот Model 3, EQS на седанот Model S, а кросоверот EQ на Model X.

Освен EQ, Mercedes регистрираше во патент бирото цела редица индекси, кои ќе се користат за означување на еколошките возила – од EQА до EQX, како и слоганите EQ Inside, EQ Boost и Generation MEQ.

Првиот сериски претставник на новото семејство на електрични автомобили на Mercedes-Benz ќе се појави во 2020 година. EQ гамата се очекува да се прошири на 10 модели до 2025 година. Се претпоставува дека тогаш електричните автомобили ќе претставуваат една четвртина од сите продажби на германскиот бренд.

Поврзани вести

Back to top button