fbpx

Jaguar Land Rover со ново решение за мобилност

Како резултат на инвестициската соработка со InMotion, Jaguar Land Rover отпочна со ново решение за изнајмување на нови автомобили

Новата услуга е наречена Carpe и е решение каде единствена обврска на купувачот е да го вози и полни резервоарот на својот автомобил. Jaguar Land Rover коментира дека новата понуда е наменета за оние корисници кои поминуваат поголем дел од нивниот ден зад управувачот.

Carpe предвидува потпишување на 12-месечен договор без депозит, а клиентот добива сосема нов и со можност за дополнително прилагодување модел на Jaguar или Land Rover, кој може да биде заменет со нов автомобил по истекот на договорот.

Во истиот меѓу двете страни, се вклучени како самиот автомобил и сите трошоци за одржување, осигурување, евентуалната патна помош и испорака, а ограничувањата во однос на измината километража нема. Цените на новата услуга Carpe за Велика Британија стартуваат од 910 фунти месечно за стандардна верзија на Jaguar E-PACE и достигнуваат до 2.200 фунти за топ-предлогот Range Rover Sport HSE.

Jaguar Land Rover

Поврзани вести

Back to top button