И Volkswagen и Ford со стратешко партнерство
VW објави дека компанијата потпиша меморандум за разбирање со Ford Motor Company, за ново стратешко партнерство на двата автомобилски гиганти
Од соопштението по повод соработката од Volkswagen, може да се разбере дека двете компании ќе испитуваат различни можности за соработка, вклучувајќи пред се развој на гама комерцијални возила, но споделуваат дека новото партнерство нема да вклучува билатерално стекнување на акции.
-Ford е оддаден на тоа да ја подобри својата позиција на пазарот и да користи адаптивни бизнис модели, кои вклучуваат соработка со партнери за подобрување на ефективноста и ефикасноста, коментира Џим Фарли, претседател на глобалната макетинг поделба на Ford.
-Овој потенцијален договор со Volkswagen Group е уште еден пример за тоа како би можеле да ги подобриме позициите уште повеќе, како од бизнис аспект, така и од можност да создадеме впечатливо глобално портфолио на производи и да ги прошириме своите можности.