fbpx

Најголемиот собир на автомобили Fiat Panda во светот

Fiat објави дека годинашниов меѓународен настан Panda a Pandino постави нов рекорд за најголем собир на автомобили од моделот Panda на едно место

На настанот присуствуваа вкупно 365 претставници од симпатичниот градски модел , а „специјален гостин“ беше единствената верзија на Panda Waze. За време на настанот, организаторите искористија 200 претставници на Panda најдобро продаваниот градска автомобил во Европа во последните 14 години, за да „напишат“ Panda Waze пред замокот Пандино.

Инаку, на ова второ издание на Panda a Pandino присуствувале сопственици на Panda од цела Европа, вклучувајќи Германија, Белгија, Шпанија, Италија, Велика Британија и Австрија, а бројот на автомобилите беше значително поголем во споредба со минатата година, кога достигна повеќе од 200 единици.

Импресивниот настан, организиран од Fiat, е целосно во согласност со успехот на моделот, со оглед на тоа што од лансирањето на моделот досега се продадени 7,5 милиони единици. За време на настанот беа дистрибуирани вкупно 11 награди, вклучувајќи ги оние за најдобро опремени автомобил, најстар, од најоддалечена дестинација, најекстравагантен…

Поврзани вести

Back to top button