fbpx

Geely со нов модел за Европа

Во Кина се одржа презентацијата на новиот купе со четири врати на Geely

Се очекува дека во гамата на моделот на производителот, кој е сопственик на шведскиот Volvo, тој да го заземе местото помеѓу GL и Borui седаните. Официјалните фотографии од моделот на Geely беа објавени во мај, а овие денови во Кина се одржа неговото деби.

На локалниот пазар автомобилот ќе се продава под името Binrui, а во остатокот од светот како SL.

Надворешноста е направена во стилот на Geely Borui предводник. Должината на Binrui / SL е 4.680 mm, ширината е 1.785, височината е 1460, а меѓуоскиното растојание изнесува 2.670 mm. Моделот е изграден на платформа развиена од Geely.

Моторите на новиот седан во Geely не се уште познати, но од она што е доставено, кога е во прашање агрегатската понуда кинеското Министерство за индустрија, според првичните информации за моделот, достапни се два бензински турбо мотори: 3-цилиндерски, 1.0 со 136 КС и 1.4 четирицилиндерски, развивајќи 133 коњи. На кинескиот пазар Binrui ќе се појави во третиот квартал од 2018 година, а во остатокот од светот, вклучувајќи ги и во Европа, SL седан ќе биде достапен за една година.

 

Поврзани вести

Back to top button