fbpx

Две децении Ѕmart

Пред 20 години, во јули 1998 година, започна производството на претставниците на една од најпознатите уникатните автомобилски брендови во светот Ѕmart

Две децении подоцна, производите на компанијата се достапни во 46 земји во светот, со продажба на повеќе од 2,2 милиони единици. Во годините од премиерата на Ѕmart на салонот во Франкфурт во 1997 година, автомобилите на фирмата станаа икони на многу полиња, а и во моментов продолжуваат да бидат репер за субкомпактна градска изведба.

Тие исклучително се почитуваат од помладата популација во цела Западна Европа, особено во земји како Германија и Италија, каде во центрите на големите градови претставниците на брендот се честа глетка. Актуелната третата генерација на Ѕmart беше претставен во 2014 година, а во моментов палетата на мотори е составена од трицилиндерски бензински со две верзии на моќност 71 и 90 коњски сили, како и електричен погон, а корисниците можат да изберат и меѓу пет-брзински мануелен и автоматски менувач.

Од 2020 година, Ѕmart ќе се нуди единствено и само со електрично издание, а офанзивата ќе започне од Германија, по што автомобилите со електричен погон ќе бидат лансирани и на останатите пазари.

Поврзани вести

Back to top button