fbpx

Мет Дејмон ќе го игра Карол Шелби

Холивудската ѕвезда Мет Дејмон ќе се најде во главна улога во филмот каде ќе го игра легендарниот тркач и конструктор Карол Шелби

Станува збор за филм за ривалството меѓу Ford и Ferrari на легендарната трка 24 часа Ле Ман кон крајот на 60-тите години. Филмот ќе биде во режија на Џејмс Манголд, а со сценариото ќе го подготват Џез и Џон Хенри Битервурт, познати со работа на фантастичната акција „На работ од утре”.

Заплетот ќе се развива во текот на 1964 година, кога група инженери под раководство на Карол Шелби и Мајлс почнуваат развој на Ford GT40 со цел да го победат до тој момент несовладливиот Ferrari. Две години подоцна возилото победува на 24-те часа Ле Ман. Улогата на инженерот Кен Мајлс, кој развива тркачки автомобили за Синиот овал, ќе го игра Кристијан Бејл.

Филмот ќе биде прикажан премиерно на 28 јуни 2019 година.

Поврзани вести

Back to top button