fbpx

Што ли сака Маск?

Претседателот на Ford за Европа, Стивен Армстронг, одговорен за операциите на гигантoт на Блискиот Исток и Африка, реши да „се пошегува“ со Илон Маск во однос на последните производствени постигнувања на Tesla

Mаск со гордост потенцира пред јавноста дека компанијата остварила производство од 7.000 возила во текот на една недела, со што на одреден начин полека се анулира сериозното задоцнување во однос на плановите за производство на Model 3. Армстронг му одговори на Twitter, дека не треба да први никаква фама од ова во јавноста, бидејќи Ford го произведува ова количество на возила во рок од 4 часа.

Забавувањето на достигнувањето на производствениот обем на Model 3 е поврзано со потешкотии во поставувањето на производната линија, како и со проблеми со испораките на батерии за електромобилите. Маск го искористи Twitter како основен информативен канал за популаризација на својата компанија и најави отстранување на сите аномалии наскоро, што секако го „допре“ шефот на Ford, па Стивен Армстронг реши да „му одговори“.

Поврзани вести

Back to top button