fbpx

Citroën со специјални очила SEETROËN!

Долгоочекуваните летни одмори, како и долгите патувања поврзани со нив, се веќе тука. За некого радост, за други мака?!

Статистиката вели дека повеќе милиони луѓе во Европа се жалат на хронично „лошење“ при патувањата, но со овие очила сите потешкотии се елиминираат. Како одговор на овој проблем, Citroën, како бренд посветен на удобноста, воведува SEETROËN, првите очила кои се занимаваат со спречување на овие проблеми при патувањата.

Принципот на очилата SEETROËN е едноставен. Тие содржат шарена течност, благодарение на која се реконструира линијата на хоризонтот и решавањето на „конфликтот“ помеѓу сетилата. Креирајќи ги пред се врз искуство од решение кое е дизајнирано за морнари, Citroën овозможува и на пошироката популација да ги надмине непријатностите при патувањата, но не само со автомобил, туки и брод, автобус или авион.

Всушност, SEETROËN очилата ја користат технологијата Boarding RingTM, развиена од истоимената компанија чија база се наоѓа во Вар, во Јужна Франција.

Парамедицинскиот развој е патентиран и тестиран и ефикасен во 95% од случаите. За дизајнот на очилата, брендот се потпира на „5.5 дизајн студио“, со седиште во Париз, кое многу успешно успева да го наметне оригиналниот, едноставен и ергономски стил, карактеристичен за францускиот автомобилски гигант. Резултатот е еден пар очила кои изгледаат хај-тек и се направени од мек и пријатен материјал за допир.

Тие се погодни за употреба кај возрасни и деца постари од 10 години (кога внатрешното уво е целосно развиено). Очилата за SEETROEN се продаваат по цена од 99 евра во онлајн продавницата Citroen (lifestyle.citroen.com).

Поврзани вести

Back to top button