fbpx

BMW и Great Wall ќе произведуваат електромобили во Кина

BMW Group и Great Wall Motor објавија дека двете компании потпишаа договор за создавање на нова компанија со заедничко вложување (50:50), која ќе произведува електрични автомобили на MINI во Кина, како и електромобили за Great Wall

Од MINI потенцираат дека идното производство на електрични возила во Кина, најголемиот пазар за таков тип возила во светот, е клучен елемент од развојот на стратешкиот план на компанијата BMW Group, NUMBER ONE> NEXT.

-Денешното потпишување е ново ниво на соработка меѓу Кина и Германија, вели Харалд Кругер, претседател на одборот на директори на BMW AG. -Ова стратешко партнерство е јасна визија за BMW Group и Great Wall Motors, кое ни овозможува да придонесеме кон реализација на амбициозните планови во развојот на автомобилите со нов погон и намалување на емисиите во мобилниот сектор.

Great Wall

За реализација на новата иницијатива на BMW Group и Great Wall Motor што треба да добие одобрение од кинеските власти, во земјата ќе биде изграден целосно нов високотехнолошки производствен комплекс.

Great Wall

Поврзани вести

Back to top button