fbpx

Возилата на BMW,Ford и PSA со V2X ќе комуницираат едни со други

Автомобилите на BMW, Ford и PSA ќе можат да комуницираат меѓу себе, а тоа ќе им овозможи технологијата V2X, со што ќе „зборуваат" едни со други и ќе разменуваат информации. Таа има сите шанси да стигне наскоро на светскиот пазар и да биде дел од електричните и автономните автомобили.

Технологијата која го носи името V2X (Vehicle To Everything) се развива од неколку софтверски и комуникациски компании, а во последните години во развојот се вклучија и автомобилските гиганти. Пред две години Audi, BMW и Daimler се здружија со Ericsson, Huawei и Qualcomm за да создадат 5G Automotive Association или 5GAA, а во Париз беа неодамна демонстрирани и првите резултати од работата со уште два гиганти- Ford и PSA. Накратко, автомобилите на различни брендови сега можат лесно да комуницираат едни со други, па дури и на места каде мобилните телефони немаат покриеност.

Кога V2X ќе биде пуштена во употреба, технологијата ќе им овозможува на возилата да се предупредуваат едно со друго дека се приближуваат, да комуницираат со сообраќајните знаци и дури со мобилните уреди кои се наоѓаат во близина, од пешаците, од оние кои управуваат мотоцикли… Целта на 5GAA е да покаже дека со помош на V2X сообраќајот станува побезбеден и поефикасен.

V2X

Тестовите во Париз биле спроведени со електрични скутери на BMW, како и со автомобили на Ford, PSA и BMW, а сите возила биле опремени со чипови Qualcomm 9150 C-V2X. Софтверот за управување на системот доаѓа од Savari.

Се претпоставува дека V2X ќе излезе на светскиот пазар во 2020 година.

Поврзани вести

Back to top button