Нова генерација Ferodo пакнови против бучава и вибрации
Иновациите за намалување на бучавата и вибрациите на возилото при движење заземаат се повеќе место меѓу приоритетите кај производителите. Ова се должи на зголемените барања на клиентите за комфор и луксуз, како и на одржливиот раст на пазарот на хибриди и електрични возила.
Факт е дека за современите машини со внатрешно согорување нема системи кои не се донесени до совршенство, кога се во прашање бучавоста и вибрациите, во автомобилската индустрија. Сепак, со оглед што не постои совршенство, ова бара уште поголема инвентивност за обезбедување на безшумно и мирно возење, особено во однос на сопирачките. Одговорот на компанијата Federal-Mogul Motorparts на овој тренд е пласирање на нова палета пакнови од брендот Ferodo.
Новите пакнови се асиметрични и со посебен дизајн, за да ги притискаат сопирачките дискови под агол кој овозможува значително намалување на вибрирање и шум при прекин без никаков компромис со функцијата. Ова се постигнува со две промени во уредот на пакновите – преку закосениот во едниот крај на точката на допирање или преку мал отвор со форма на полумесечина врз преоден слој на задната плоча.
Намалувањето на нивоата на бучава и вибрации е огромен предизвик, особено во услови на растечки пазар на хибридни и електрични автомобили кои едноставно се „безгласни“.
Тоа нè тера да бараме ефикасни нови решенија и технологии, па насочени пакнови на Ferodo се резулт од ова, вели Гозде Кира, маркетинг менаџер за сопирачки системи во Federal-Mogul Motorparts за Европа, Блискиот Исток и Африка:- Со задоволство ја презентираме на пазарот оваа новина, заедно со сите потребни технички упатства за нивна инсталација. Иновативните производи и технички решенија треба да ја обезбедат довербата кај клиентите, што е од огромно значење за Federal-Mogul Motorparts.
Новата линија на производи во моментов содржи 39 сериски изведби кои ги покриваат потребите на различни возила. Двата типа на новите генерации на пакнови имаат дизајн кој ја зголемува ориентацијата на инсталацијата.
-Ferodo го докажал лидерството во развојот, производство и промоција на иновации при сопирачките системи, како и во производствените материјали и технологии. Веруваме дека новите асиметрични пакнови од марката се навремено и практично решение во автомобилската индустрија, потенцира Кира…