Daimler е веќе „три во едно“, но…
Германскиот концерн Daimler ја претстави новата корпоративна структура, која предвидува поделба на гигантот на три правни независни една од друга компании - Mercedes-Benz Cars and Vans, Daimler Truck и Daimler Mobility
Со нив услугите на производителот ќе имаат поголема покриеност, а истовремено со тоа ќе го подготват концернот за навлегување во ерата на електромобилноста и автономните технологии. Првата од компаниите ќе одговара за лесните автомобили и ванови, а ќе располага со 175.000 вработени низ целиот свет. Daimler Truck ќе вработи околу 100.000 луѓе и ќе развива автобуси и камиони. Третата е за финансиските услуги и ќе има персонал од 10.000 вработени.
„Правната поделба помеѓу компаниите, како и нивната независност една од друга ќе го зајакнат фокусот врз идните успеси”, коментира претседателот на Бордот на директори на Daimler, Манфред Бишоф, кој прецизира дека сите детали за реорганизација се утврдени со претставниците на работницити.
Новата структура обезбедува зачувување на работните места и идните инвестиции во германските објекти. Трите компании ќе бидат со седиште во Штутгарт, а за да започнат да функционираат во целост, нивната поделба треба да биде одобрена од страна на акционерите на Daimler. Тоа ќе се случи на генералното собрание на 22 мај 2019 година и ако се помине без проблеми, новата структура ќе почне да дејствува во есента 2019 година.