fbpx

Даска за сурфање од Tesla

Дизајнерското студио на Tesla и калифорниската компанија Lost Surfboards презентираа ограничен сет на даски за сурфање

Ќе бидат изготвени вкупно 200 парчиња, секоја со цена од 1.500 долари (1.287 евра). Секој даска ќе треба да биде посебно нарачана, а сите ќе имаат мат или сјајна завршница, како електричните возила на калифорнискиот производител. Конструкцијата на даските се состои од лесна срцевина EPS Core и неколку слоја јаглеродни влакна, како и огноотпорен магнезиум-алуминим силиконско стакло.

Освен даски за сурфање, познато е дека Tesla исто така произведува додатоци и делови од облека.

Од сајтот на компанијата може да се купат исто така и минијатурни станици за полнење Supercharger за паметни телефони, мини копии на електричните возила, производи од кожа, колички за деца и друго.

 

Поврзани вести

Back to top button