Mercedes: „Исто е, ама не е исто“?!
Mercedes-Benz CLS е близу четвртина век на пазарот и моментно се нуди во третата генерација и бројките говорат дека има солидна продажба во Европа
Германците го лансираат сега и скапиот GT 4-Door Coupe, кој има приближно слична концепција, но велат дека сепак станува збор за сосема поинаква изведба. Од фирмата се сигурни дека нема да има конкуренција меѓу двата модела, поради една многу едноставна причина – таму каде CLS завршува со понудата согласно можностите, цените, перформансите и додатоците, доаѓа поскапиот „брат“ со поголеми мотори, пософистицирана технологија и повисока вредност.
Особено разликата е во однос на цените.
Во Германија CLS започнува од 84.162 евра, додека GT има почетна вредност од 150.118 евра. Ако ги нарачате сите додатоци за да добиете топ изведба, тогаш износот значително се зголемува на 185.341 евра. Друга разлика е дека според анализи од направените анкети, клиентите на CLS ќе се луѓе кои веќе имале модел од компанијата, додека оние на луксузниот седан ќе се сосема нови за брендот.