Пет германски градови во сообраќаен проект против загадување
Германската влада во рамките на борбата за почиста средина и воздух во свите метрополи претстави проект за поддобрување на јавниот превоз. Овој проект е веке детално разработен од страна на Министерството за сообраќај и врски.
„Во проектот се вклучени пет градови: Есен, Бон, Манхајм, Ротлинген и Херенберг, каде систематски ќе биде испитано колку подобрувањето на јавниот сообраќај ќе влијае на намалување на загадување на воздухот?“, се вели во соопштението. Петте градови ќе поделат 130 милиони евра за подобрување на мрежата на јавниот превоз и реновирање на велосипедски патеки. И Други мерки, кои треба да го зголемат бројот на корисниците на јавниот превоз.
Европската комисија и се закани со тужба на Германија на почетокот на годината на ова поле. Владата и автомобилската индустрија, решија да вложат милијарда евра во проект против загадувањето. Токму така тие се заедно во овој проект, но факт е дека се со спротивни ставови околу преправките кај возилата со застарени дизел агрегати, на кои во повеќе германски градови им се заканува забрана за сообраќање. Имено, додека автомобилската индустрија инсистира на промена на софтверот на моторите,германската влада се залага за механички промени. Кои сепак треба да ги задоволуваат највисоките Еуро 6 стандарди.