fbpx

Кросоверите веќе имаат 37% од светскиот пазар

Глобалниот автомобилски пазар покажа позитивна динамика, според податоците објавени од AutocarProfessional. Според резултатите од првата половина на 2018 година во светот се продадени 44 милиони автомобили, што е за 3,6% повеќе во споредба со истиот период минатата година.

Според истражувањето, шест од првите 10 глобални пазари покажаа значително зголемување на продажбата. Исто така треба да се напомене дека на кросоверите и SUV изданијата  веќе припаѓаат околу 37% од вкупната продажба на глобално ниво: во првите шест месеци од годинава се продадени 15 милиони, што е раст од 14% во однос на истиот период од 2017.

Обемот на продажба на овие автомобили се зголеми во 10 од 11-те клучни региони, а опадна само во Јапонија.

Компактните автомобили се вториот најпопуларен сегмент, но нивното барање опаѓа речиси во целиот свет. Пад е забележан во Европа (-5%) и во САД (-8%). Исто така, имаше опаѓање кај субкомпакните во Кина за 19%, а во Европа за 23%.

На листата на 10-те најпродавани автомобили за првата половина на годината во глобални рамки се: Ford F-Series (53. 827 парчиња), Toyota Corolla (478.122), Volkswagen Golf (431.836), Honda Civic (412.664), Toyota RAV4 (395.816), Nissan X-Trail (392.489), Volkswagen Passat (356.566), Honda CR-V (339.081), Honda HR-V (334.917) и Chevrolet Silverado (326.427).

Поврзани вести

Back to top button