fbpx

Mustang со идната генерација најверојатно ќе задоцни

Од Ford се очекуваше да ja лансира сосема нова генерација на Mustang на самиот почеток на новата деценија, но се чини дека тоа е одложено за една година.

Според Automotive News, шефот на компанијата, Џим Хакет. Лично ја донел одлуката за одложување на реализацијата на Mustang за околу 12 месеци. Најверојатно причината за овој потег е добрата позиција што моментно Mustang ја има на пазарот.

Машината продолжува да се продава многу добро, а во некои земји тоа е најдобро продаван спортски автомобил.

Следната генерација се очекува да има сосема нова платформа која ќе биде споделена со новиот Ford Explorer и Lincoln Navigator. Новата архитектура се очекува да им даде на инженерите можност да развијат уште подобар спортски автомобил, кој дополнително ќе  помогне за продажбата на Mustang.

Поврзани вести

Back to top button