fbpx

Возевме Opel Insignia GS: Екстра засилена коњица

Потполно нова, со сосема нов дизајнерски и стилски приод, значително полесна и динамична, со интелигентна ефикасност, последна генерација погонски агрегати со намалена потрошувачка помеѓу 3 и 10 проценти

Потполно нова, со сосема нов дизајнерски и стилски приод, значително полесна и динамична, со интелигентна ефикасност, последна генерација погонски агрегати со намалена потрошувачка помеѓу 3 и 10 проценти. Оптимизирана во целост, со пакет најсовремени технологии и решенија. Новата генерација Insignia очигледно е дека ќе врати голем дел од фановите на „молњата“ кои преферираат возила од D-сегментот. Не дека со близу милион продадени возила и првата генерација на моделот заостануваше во однос на конкуренцијата, но според она како е прифатена на стартот новата Opel Insignia Grand Sport, која пристигнува во пакет со караванската изведба Sports Tourer, се најавува нова успешна страница во мошне богатата историја во овој сегмент на Opel.

Opel Insignia GSВредните стручњаци од Риселсхајм навистина „скоцкале“ вистинско ремек дело, кое поставува нови стандарди на ова поле и тргнува во вистинска офанзива. На големо задоволство веќе имавме прилика да минеме и одреден број на километри со неколку претставници од гамата и што се вели да го „почуствуваме“ што е она што треба да биде новиот предводник во Опеловата коњица.

Со новиот модел се дружевме во околината на Франкфурт, а имавме можност не само да се запознаеме со новите вистински вредности, туку и да видиме на дело каде се склопува најновото Опелово остварување. Втората генерација Insignia импресионира со своите високо-технолошки решенија, од матричниот систем на предните светла Opel IntelliLux LED® и современите електронски системи за помош на возачот до извонреден head-up дисплеј.

Во прилог на сето ова, Insignia нуди и типична за брендот Opel првокласна комуникациска поврзаност со интеграција на смартфон функции, која сега нуди уште една нова функција на Opel OnStar – личен асистент, кој им овозможува на патниците во Insignia да прават хотелски резервации и да наоѓаат места за паркирање со помош на вработен на системот OnStar.

Новиот предводник е и првиот произведен во Риселсхајм, кој се нуди со осумстепена автоматска трансмисија, панорамска 360° камера и интелигентен систем за двојна испорака со функција torque vectoring за активно насочување на вртежниот момент. Ова е несомено модел, кој не само што се одликува со својата елегантна спортска силуета, со неверојатна аеродинамика (коефициент на отпор на воздухот Cd=0.26), што едноставно личи на купе модел со пет врат, туку е „набилдана“ со мноштво технолошки иновации. Новата Insignia импресионира со подобрена динамика и внатрешен простор, како и со одлична цена за она што го нуди (барем оние кои ќе бидат на стартот во Германија) – фактори кои ја претвораат во предизвик за моделите на премиум марките.

Автомобилот се карактеризира со системи кои му помагаат на возачот, како дел од стандардната опрема, вклучувајќи ги: предупредување при опасност од удар напред со препознавање на пешаци, автоматски принудно запирање, предупредување за ненамерно напуштање на лентата за движење, асистент за зачувување на лентата со автоматска корекција со управувањето и индикација за одржување на растојанието. Значително подобрените средства за активна безбедност стекнуваат високи оценки, благодарение на активниот хауба, кој има за цел подобрена заштита на пешаците.

Втората генерација на Insignia е базирана на целосно нова архитектура.

Автомобилот тежи до 175 килограми помалку од сегашниот модел во верзијата седан Grand Sport и до 200 килограми помалку кај карванската Sports Tourer. Ова значително намалување на тежината и новото исклучително прецизен состав за управување се одговорни за подобрените динамични квалитети на возилото. Покрај тоа, целосно новиот предводник на Opel прави свое деби со спектар на високо ефикасни погонски агрегати и оптимизирани во однос на триењето, трансмисиите, кои се конструирани така што да обезбедат поголема ефикасност и помала потрошувачка на гориво.

Потрошувачката на гориво кај моторите на Grand Sport се очекува да биде од три до десет проценти помала во споредба со оној на еквивалентните верзии на сегашниот модел врз основа на циклусот WLTP (Worldwide Harmonized Light-Duty vehicles Test Procedure). Циклусот WLTP ќе стане официјално легитимен од есен 2017 година и во споредба со застарена важечкиот NEDC, е поблизок до реалниот стил на возење. Палетата од погонски агрегати на новиот Opel Insignia Grand Sport започнува со целосно нов, исклучително ефикасен бензински мотор 1.5 Turbo, кој ќе се нуди со две нивоа на моќност. Основниот мотор располага со 104 kW/140 КС и импресионира со вртежен момент од 250 Nm, а потрошувачката по NEDC за Grand Sport: комбинирана 5,7 l/ 129 g/km CO2.

Помоќната верзија е со 122 kW/165 КС (5,7 l/100 km; 130 g/km CO2) има сè што е потребно за да стане бестселер во палетата на Insignia. Новиот 1.5 литарски четирицилиндерски мотор импресионира со брза реакција и располага со доволно вртежен момент за секакви ситуации. Врвен погон во бензинскиот спектар на новата Insignia е 2.0 турбо кој обезбедува 191 kW/260 КС и максимален вртежен момент од 400 Nm (8,6 l/100 km; 197 g/km CO2).

Четирицилиндерскиот 2.0 мотор се нуди во комбинација со целосно нова осумстепена автоматска трансмисија, која менува непречено и хај систем за погон на четири тркала со torque vectoring – уникатно конструктивно решение во средната класа. Во овој напреден систем за двојна испорака, двојната спојка е замената со конвенционален диференцијал на задната оска и можат да предадат вртежен момент кон секое едно од тркалата за делови на секундата во зависност од ситуацијата на патот.

Предлозите во однос на погонот завршуваат со 1.6-литарски дизел мотори со нивоа на моќност 110 КС и 136 КС. Во прилог, Opel ќе нуди рафиниран 2.0 дизел со 170 КС. Целосниот ценовник за новата Insignia кај нас ќе биде достапен кога ќе почнат нарачките. Во Германија веќе се нарачуваат првите модели кои ги видовме како се симнуваат од производствените ленти во еден од погоните во Риселсхајм.

Поврзани вести

Back to top button