fbpx

Пет децении Opel GT

Повеќе од 20 сопственици на возила со амблемот Opel GT, од Австралија, Белгија и Филипините, се собраа во САД, за да го одбележат 50 годишниот јубилеј од појавата на легендарниот автомобил, со возбудливо патување по Route 66.

Авантурата започна во Лас Вегас, а потоа возилата минаа низ патиштата на 4 американски држави, изминаа вкупно 2.000 километри, за да на крајот се вратат на почетната точка.

Турнејата беше импресивно искуство и никогаш нема да го заборавам патувањето по Route 66. Потенцира организаторот на настанот Олаф Молдзен, управител на асоцијацијата на европските клубови на Opel GT. Асоцијацијата обедини 28 национални групи со 1.450 членови, до 1.550 автомобили.

Од Opel коментираат дека повеќе од 70% од произведените 103.463 претставници на GT биле регистрирани во Соединетите Американски Држави. А во моментот моделот ужива огромен интерес меѓу фановите во САД.

Opel GT се појави во 1965 година во форма на студиски дела презентирани на Парискиот меѓународен саем.

Сериската верзија на моделот е со дизајн кој подлежи целосно на идејата за постигнување на оптимална аеродинамика, а единствените два исклучоци се предните светла на моделот, кои можат да бидат извадени и прибрани во каросеријата. За разлика од импресивниот екстериер на возилото, во внатрешноста на Opel GT сè е сведено на минимум, со главен акцент на спортското емитување и добрата позиција на возачот во седиштето.

GT е достапен во две главни верзии – 1100 и 1900, вториот е опремен со единица од 1.897 кубни сантиметри. Неговата максимална моќност e сосема доволна за да може возилото да развие брзина на движење од речиси 190 km/h. Погонот е на задните тркала, а потрошувачите имаат избор меѓу рачен или автоматски менувач со четири брзини.

 

Поврзани вести

Back to top button