Новиот Kia Ceed GT доаѓа со 204 коњски сили
Kia објави дека за време на меѓународниот саем во Париз, што ќе се одржи на почетокот на следниот месец, на штандот на марката ќе биде претставена новата спортска верзија Ceed GT
Kia Ceed GT ќе биде опремен со 1.6 литарски T-GDi бензински мотор, кој е во состојба да генерира максимална моќност од 204 коњски сили и максимален вртежен момент од 265 Nm. За прв пат спортскиот модел ќе се нуди со алтернатива во однос на менувачот, а клиентите ќе можат да нарачаат во верзија со роботизирана седумстепенна наместо стандардниот шест-брзински мануелен менувач.
Новиот Ceed GT кој на екипата на Kia и одземал шест месеци за развој, се одликува со специјално адаптирана суспензија и уникатни системи за надворешни и внатрешни елементи, а неговата продажба ќе се задржани само за Европа, со пазарно лансирање во првата четвртина на следната година.
Во стандардната опрема на KIA Ceed GT се вклучени спортски предни седишта, специјално калибрирана електронска стабилизирачка програма, поголеми предни вентилирачки дискови, Michelin Pilot Sport 4 гуми, адаптибилен систем Drive Mode Select кај верзијата со роботозирина трансмисија, издувен систем комбиниран со звучен генератор и друго.