Електричниот кросовер на Kia ќе помине 485 km со едно полнење
Kia ќе претстави електрична верзија на својот кросовер Niro во Европа на саемот за автомобили во Париз следниот месец
Продажбата на Niro EV ќе започне кон крајот на годината, објави Carscoops. Електромобилот е изграден врз основа на хибридниот Niro, претставен во 2016 година. Технологијата е превземена од Hyundai Ioniq Electric, а за европскиот пазар километражата која ќе може да ја помине е зголемена до 485 km.
Кога се користи брз систем за полнење од 100 киловати, батериите ќе можат да полнат до 80% за 54 минути.
Моќта на електричниот мотор е 204 КС и 395 Nm вртежен момент. Ова ќе му овозможи на кросоверот да забрзува од 0 до 100 km/h за 7,8 секунди. Во листата на опрема влегуваат систем за спречување на преден удар, функција за следење на лентата на движење, адаптивен круз-контрол и друго.
Во Kia планираат да воспостават и нов водороден автомобил, чија премиера ќе се одржи во 2021 година, а моделот нема да биде базиран на ниту еден од сегашните модели на марката. Идеата е со едно полнење со водород да се патува околу 800 km, а максималната брзина ќе биде околу 170 km/h.