fbpx

Шефот на Toyota се вози во супер-лимузина

Луксузниот седан на Toyota Century сигурно е последниот автомобил кој ви доаѓа на ум кога станува збор за подесување и доработка. Сепак веќе постои исклучително реткиот примерок Century GRNM кој претставува повеќе од интересен прототип, a ja добил важната улога да го превезува не било кој, туку претседателот на Toyota - Акио Тојода.

Toyota е позната со пристрасност кон мотоспортот и се одразува одлично на развојот на Gazoo Racing и различните моторспорт програми. Влијанието на Gazoo Racing во промената на луксузната лимузина се гледа лесно: под задниот браник се појавува дифузер, стаклата се затемнети, тркалата се BBS, гумите се Yokohama Advan Sport, дисковите за сопирање се поголеми, а намалена е и суспензијата.

Сето ова се работи кои ретко се гледаат на таква луксузна лимузина. Додаден е спојлер од карбон, а сменети се и амблемите кои го носат натписот GRMN (Gazoo Racing Master of Nurburgring).

Официјална информација за погонот на Century GRMN нема, но луксузната верзија доаѓа со 5.0 литарски V8 мотор. Тој ќе работи со електромотор во хибриден систем со вкупна моќност од 430 коњски сили.

toyota

Поврзани вести

Back to top button