fbpx

Хамилтон победи во Јапонија и ја допре титулата

Луис Хамилтон направи значен чекор кон петтата светска титула во Formula 1, откако ја освои Големата Награда на Јапонија, а неговиот конкурент Себастијан Фетел остана на шестата позиција

Хамилтон и Ботас ја запишаа втора двојна победа за Mercedes, а заедно со нив на подиумот се искачи и Макс Верстапен со Red Bull. Холанѓанецот успеа да ги помине двајцата пилоти на Ferrari – прво Кими Раиконен во почетокот, а при рестартот во осмиот круг и Себастијан Фетел.

Хамилтон имаше контрола во текот на целата трка, а клубскиот колега Ботас имаше проблеми со гумите на крајот од трката, но тоа не отвори можност за Верстапен да го нападне.

Сепак, Холанѓанецот беше казнет со 5 секунди за првиот инцидент со Раиконен на крајот на првиот круг. Хамилтон ја освои деветтата победа за годината и може да стане шампион уште во САД по две недели, ако успее да земе осум поени повеќе од Фетел. Разликата помеѓу двајцата на четири трки пред крајот на сезоната е 67 поени во корист на Британецот.

ПОЗИЦИЈА ВОЗАЧ ТИМ ПОЕНИ
1 Луис Хамилтон Mercedes 331 поени
2 Себастијан Фетел Ferrari 264 поени
3 Валтери Ботас Mercedes 207 поени
4 Кими Раиконен Ferrari 196 поени
5 Макс Верстапен RedBull 173 поени
6 Даниел Рикардо RedBull 146 поени
7 Серхио Перез Force India   53 поени
8 Кевин Магнусен Haas Ferrari   53 поени
9 Нико Хулкенберг Renault   53 поени
10 Фернандо Алонсо McLaren   50 поени

Поврзани вести

Back to top button