fbpx

Tesla Model 3 е именуван за најбезбедниот автомобил во САД

Администрацијата за безбедност на сообраќајот на САД (NHTSA) го прогласи Tesla Model 3 како најбезбеден автомобил меѓу сите тестирани во неговата класа. Организацијата објави дека ризикот од катастрофални повреди е минимален за патниците на електричниот автомобил.

Model 3 доби максимални пет ѕвезди во сите NHTSA тестирања. Автомобилот издржал фронтален и страничен удар, судир со столб или дрво со брзина до 32 km/h на страната на возачот. Покрај тоа, електричното возило добива највисоки оценки за функционирање на електронските системи за безбедност.

Model 3 е најбезбедното возило според NHTSA, a Tesla Model S и Model X ги заземаат второ и трето место.

Европската организација Euro NCAP се уште го нема тестирно моделот 3, а во 2014 година го тестираа Model S со тоа што му доделија 5 ѕвезди од 5 можни.

Поврзани вести

Back to top button