Со Renault Megane IV се дружевме во Ровињ
Четвртото поколение на компактот на францускиот гигант се одликува со сосема нов дизајн, со стајлинг што е во склад со најсовремените трендови во сегментот каде припаѓа и неверојатен пакет на врвни технологии кои се дел од припадниците на повисоките класи на возила
Четвртото поколение на компактот на францускиот гигант се одликува со сосема нов дизајн, со стајлинг што е во склад со најсовремените трендови во сегментот каде припаѓа и неверојатен пакет на врвни технологии кои се дел од припадниците на повисоките класи на возила.
Беспрекорно подготвените возила за регионалната презентација на бестселерот не чекаа во Загреб, каде кога пристигнавме се спои небото со земјата. Но, по онаа бура низ улиците на хрватската метропола како се приближувавме кон брегот на Јадран и нашата крајна дестинација Ровињ, каде исто беснеела бура, на одредени правци срамежливо ни се насмеа и сонцето. Но, рака на срце брзо го заборавивме невремето и се фативме за она за што сме дојдени за анализа на возилото кое го управувавме.
Новиот Mеgane се карактеризира со иновативниот дизајнерски идентитет на Renault, вклучувајќи големо, исправено дијамантско лого и широка маска, како и квалитетна хромирана рамка, имплементирана напред и од страна (ребрата на прозорците, страничните амблеми и рачките на вратите). Аеродинамиката е силна карактеристика на дизајнот со широки отвори за воздух од двете страни напред, лопатки одзади и моторизирани вентили, кои автоматски се затвораат за да се намали воздушниот отпор. Динамичниот и агресивен стајлинг на новиот Megane се базира на добро избалансираните пропорции. Тој е за 64 mm подолг (4359 mm) и за 25 mm понизок (1447 mm) во однос на третата генерација, а меѓуоскиното растојание изнесува 2.669 mm, +28 mm и е релативно подолго во однос на најголемите конкуренти во најжестоката класата. Палетата на фелни кои се на располагање е до 18 инчи. Благодарение на своите извајани браници, новиот Mеgane емитува сензуалност, кондензирана во дизајнерските гени на брендот Renault. Тесните и прецизно извајани линии, заедно со долниот дел на кабината и хаубата се изедначува во предниот дел, за да ја зајакнат динамиката на возилото. Напред, дневните светла вклучуваат LED технологија. Верзии со повисока опрема на новиот Mеgane се опремени со full-LED светлосни модули за средното и долгото светло на фаровите. Оваа Pure Vision LED технологија нуди суштинско подобрување на видливоста во текот на ноќта во споредба со халогенски фарови.
Задните светлосни блокови, исто all-LED, се со димензии кои светат постојано. Овој нов хоризонтален стил помага да се фокусира широчината на возилото. Благодарение на новата Edge Light технологија, се обезбедува потенка димензионална трага која зрачи црвено светло со пурпурна нијанса.
Дизајнот од екстериерот е на свој начин пренесен и во ентериерот. Посебно внимание е посветено на изработката и на квалитетот на материјалите, за да се подобри дополнително удобноста во Mеgane за време на патувањата. Комплет од hi-tech карактеристики, позиционирани околу возачот, се базираат на идејата за L-облик обликуван кокпит. Традиционално имплементиран во автомобилите од повисокиот сегмент, head-up во боја дисплеј го има своето деби во новиот Mеgane. Во прилог на ова се и 7-инчен колор TFT (Thin Film Transistor) дисплеј, плус вертикално сместен 8,7-инчен R-Link екран на допир на централната конзола. Посебно внимание е посветено на квалитетот и хармонијата на атмосферата во кабината. Меките на допир материјали, избрани за инструментите, се водат во непрекината крива до горните прагови на вратите. Верзии со повисока опрема нудат тапацирани со интегрална нерамен кожа управувач со елегантни хромирани детали, рабови на таблата со инструменти, вентилирачки отвори, централната конзола и прекинувач. Централната конзола е широка со две тенки, блескави линии, чии нијанси може да се прилагодат со помош на технологијата Multi-Sense. Аудио системот Bose® обезбедува висококвалитетна звучна средина. Седиштата се со максимална удобност и во нив е користена пена со двојна густина. Топ верзиите доаѓаат со греењето на седиштата и електрична лумбално подесување и масажа. Волуменот на багажникот на новиот Mеgane од 384 литри.
Новиот Mеgane вклучува најнова технологија за поддршка при управувањето, пакет системи кои неодамна беа претставени кај новите Espace и Talisman. Целиот спектар на ADAS функции се активира и контролира преку R-Link 2 таблетот. За подобрена безбедност тука се контролер на брзината преку ACC (адаптивна контрола на крстарење) и автоматизирано принудно запирање (AEBS), систем за предупредување за напуштање на лентата на движење (LDW), сензор за безбедно растојание (DW), предупредување за пречекорување на брзината, поврзано со препознавање на сообраќајни знаци (TSR) и контрола на мртов агол (BSW), камера за возење наназад, предни, странични и задни паркинг сензори и Easy Park Assist за интерфон паркирање.
Палетата на мотори е составена од дизелските Energy dCi 90, Energy dCi 110, поврзана со 6-брзинска EDC автоматска трансмисија со двојна спојка и Energy dCi 130, како и бензинските Energy TCe 100, Energy TCe 130 и Energy TCe 130 со 7-степена EDC автоматска трансмисија со двојна спојка. Во почетокот на 2017 ќе се појави Hybrid Assist дизел. Со овој погон новиот Mеgane ќе се позиционира како лидер на пазарот во однос на потрошувачката на гориво и CO2 емисии.
Цената за нашиот пазар се уште не е потврдена, но со попуст поради стартот на продажбата базниот модел во Србија ќе се нуди за 12.990 евра.