fbpx

Red Bull не дозволува Рикардо да вози за Renault

На Даниел Рикардо нема да му биде дозволено да ги тестира гумите со новиот тим Renault во Абу Даби по завршетокот на сезоната

Подготвителните тестови се единствената можност за возачите кои менуваат тим да добијат искуство на патот со членовите на новиот тимот пред февруари 2019. Бидејќи на Рикардо договорот кој го има случено со Red Bull Racing му истекува на крајот од годината, барањето на Renault, Рикардо да ги помине овие тестови со нив, е одбиено. Но австралискиот возач не ќе може да ги помине овие тестови ни со Red Bull и покрај тоа што договорот сеуште важи.

„ Неможам да возам за Red Bull, ниту ми е дозволено да возам за Renault. Значи во ред е, можам да одмарам.”, изјави австралиецот во Остин.

Според Кристијан Хорнер, директорот на Red Bull, одлуката е поврзана со Рикардо, односно со обврските кои тој треба да ги заврши до истекот на договорот.

Исто така и Sauber се надева дека на нивниот нов член Кими Раиконен ќе му биде дозволено од страна на Ferrari да ги помине тестовите со швајцарската екипа.

Рикардо

Поврзани вести

Back to top button