fbpx

Ferrari не се откажува од Фетел

Неколку дена откако Себастијан Фетел ја загуби битката за светската титула во Formula 1 против Луис Хамилтон, шефот на тимот Маурицио Аривабене објави дека Германецот останува главната надеж на Ferrari за нови успеси во 2019.

Ferrari и Фетел дозволија неколку многу важни грешки во можеби најсилната сезона на тимот во последните години да влијаат на титулата. На почетокот на вториот дел од сезонава се покажа дека развојот на колата не оди во правилна насока, а Фетел имаше не оправдани грешки во неколку трки каде се кршеше титулата.

Пред трките во САД и Мексико се појави информација дека тимот може да се ослободи предвремено од Фетел во 2019 година, особено ако и догодина Италијанците ја изгубат битката со Mercedes.

„Во такви моменти треба да сме до Себастијан, да не го оставаме сам на поразот“ – објасни Аривабене, кој исто така беше поврзуван со разрешување, но очигледно ќе остане на чело на тимот. „Треба да бидеме силни, да го поддржиме со се што можеме, да одиме напред и да не се предадеме. Ние докажавме дека сме обединети, иако спротивно е секогаш случај. Ние нема да се откажеме, ние никогаш нема да се предадеме. Ќе ја продолжиме битката. Сега за титулата за констукурите, следната година за двете“.

На прес-конференцијата по трката Фетел си дозволи момент на слабост, кога престана да зборува и се фати за главата со рацете и направи долга пауза. Во Мексико Фетел беше еден од првите кои го поздравија Хамилтон за петтата светска титула, а малку после трката отиде во боксот на Mercedes, за да ги поздрави со успехот и шефовите на тимот.

Поврзани вести

Back to top button