Porsche го тестира новиот 911
Porsche објави дека програма за тестирање на новиот 911 е во финална фаза, на само неколку недели пред промоцијата на автомобилот на пазарот во Европа во почетокот на следната година
Во моментов, со прототипи на новото Porsche 911, компанијата спроведува тестови на различни патни и атмосферски услови во кои температурните разлики покриваат спектар од 85 степени. Од компанијата исто така коментираат, дека автомобилите се тестираат во секакви ситуации. Како во метеж, така и во симулации на тркачки патеки, преминување на водни пречки и други.
Крајната цел е да се обезбеди оптимално функционирање, без оглед на моменталната ситуација и во исто време колата да биде целосно прилагодена за удобна секојдневна употреба. За време на тестовите на новиот Porsche 911, од компанијата обрнале сериозно внимание и на работата и интеграцијата на иновативните системи за помош при управувањето.