fbpx

Volkswagen и Mercedes се согласија да го поправат или заменат стариот дизел

Во Европа продолжуваат да се наметнуваат ограничувања на старите дизел автомобили и уште еден чекор во таа насока е одлуката на судот во Германија за забрана на постари возила со такви мотори во уште два града - Келн и Бон

За возврат, овие мерки ги принудуваат производителите да направат отстапки за сопствениците на автомобили. Така брендовите Volkswagen и Daimler, во кој влегува Mercedes-Benz, се согласија да платат за замена на старите мотори со понови кај веќе продадени автомобили, или да ги модернизираат, за да може тие да одговараат на современите еколошки стандарди.

Ова ќе ги чини двете компании околу 3000 евра по автомобил.

Третиот најголем германски производител, БМВ, одби да го стори истото. Баварците се согласуваат да ги стимулираат своите клиенти со сличен износ за да можат да ги заменат своите автомобили со понови. Сите овие решенија треба да ги убедат корисниците да се фокусираат на купување понови и почисти возила со ниско ниво на штетни гасови. Значи, тие нема да зависат од забраните во одредени градови во Германија, кои постојано се зголемуваат.

Одлуката на судот за забрана на старите дизел автомобили во Келн треба да стапи на сила во април 2019 година. Според министерот за животна средина на Германија, ова ќе доведе до колапс на транспортниот систем во градот и ќе има значително влијание врз животот на локалното население.

Поврзани вести

Back to top button