DBX, SUV модел на Aston Martin кон крајот на 2019 година
И Астон Мартин се приклучува на луксузните брендови кои ќе понудат SUV модели. Англиската марка објави дека ќе понуди сосема нов модел на пазарот до крајот на следната 2019 година. Од компанијата уште не објавиле име за моделот, но засега ја користи ознаката DBX.
Компанијата веќе го регистрираше името DBX, кое може да се користи за новиот луксузен SUV модел. Ова име одговара на другите имиња кои започнуваат со буквата V, со исклучок на DB-серијата. Новата машина ќе се произведува во целосно нов производствен комплекс во Сент Алтан, Велс, во кој освен SUV-моделот ќе се прават идните електрични модели на производителот, вклучувајќи го и моделот Rapide-E.
Веќе е познато дека новиот SUV ќе користи специјално развиена платформа за модели со подобрен клиренс. Тој е развиен со посебен фокус на технологијата на суспензија, што одговара на повисоката маса. Првично, Астон Мартин мислеше дека нивниот луксузен SUV ќе биде целосно електричен, но сега работите се сменија. Тоа го потврди шефот на компанијата Енди Палмер, што не ја исклучува можноста да има хибриден погон.
Фабриката во Сент Алтан ќе проработи на почетокот на следната година со производство на прототип автомобили, а работната сила ќе биде постепено зголемена од 100 на 700 луѓе со целосното почнување на сериското производство на SUV моделот на крајот на следната и почетокот на 2020 година.