Електрична иднина за добрите стари класични автомобили
Легендарниот Mustang од шеесетите, во целосно електрично издание по цена од 200.000 фунти
Додека сеуште не можете да купите електричен Mustang од Ford, компанијата Charge Automotive реши да го комбинира овој одличен рестомод со целосно електирчен погон. Така добиваме Mustang кој претставува се освен обичниот модел од шеесетите.
Лондонската компанија изјави дека има намера да направи уште 499 вакви електрични класици, кои ќе бидат со почетна цена од 200.000 фунти. За ова, добивате официјално лиценцирана Ford Mustang каросерија во склоп со најсофистициран електричен погон.
Со капацитет од 64kWh, батеријата доаѓа во комбинација со електричен мотор од 300kW и систем за брзо полнење со еднонасочна струја, со поддршка за полнење од 50kW. Доколку ова се спореди со конвенционален клипен мотор, тогаш добивате нешто повеќе од 400 коњски сили и вртежен момент од неверојатни 1.200 Nm. Ова е и повеќе од доволно за да се забрза овој класик до 100 km/h за неверојатни 3.09 секунди, со што претставува ѕверка побрза од било која фабричка изведба на Mustang.
Оваа компанија исто така вели дека можна е и конфигурација за погон на задните тркала или погон на сите четири, кој ќе може да испорача вртежен момент до тркалата од 7.500 Nm.
Електричниот опсег е проценет на 200 километри, што веројатно се должи на аеродинамичните перформанси на овој ретро дизајн, а компнијата исто така вели дека овој Mustang ќе биде опремен со најсовремените компоненти, како и персонализиран дигитален интерфејс.
За целите на овој проект Charge Automotive соработуваат со Arrival и Roborace, чии инженери имаат свој придонес во проектите за Williams F1, McLaren и Jaguar Land Rover.
Испораката на овие електрични изведби на легендарниот Mustang е планирано да започне во септември 2019 година, а купувачите ќе имаат можност да изберат помеѓу купе и кабриолет варијантата.