BMW колекција вредна 2,3 милиони долари
Фасцинантна колекција на 13 BMW модели, меѓу кои се наоѓаат ретките M1 и Z8, како и сите најдобри M3
Да се изгради пристојна колекција на автомобили е доста тешко, особено потрагата по вистинските класици, со посакувани спецификации и во добра состојба.Еден ваков чекор имаат направено дечките од Enthusiast Auto Group, што претставува перформансен BMW центар во Синсенети, Охајо.
Нивната колекција се одликува со 13 автомобили во беспрекорна состојба, кој моментално е на продажба и достигнува цена од 2,3 милиони долари, односно просек од 177.000 долари по автомобил.
Оваа колекција вбројува едни од најретките и најскапите BMW модели на денешниот пазар. Фантастичниот Z8 од 2003 година со прилично висока вредност.
Легендарниот M1 од 1981 година, претстаува еден од најретките иконски возила на баварскиот производител.
Таа е надополнета и со M3 хронологија, како E30 M3 Sport Evo од 1990 година, E36 M3 Lightweight од 1995 година, E46 M3 Competition Package од 2005 година и E92 M3 Lime Rock Park Edition од 2013 година.Од серијата Z, тука се наоѓаат и Z1 од 1991 година, Z3 M-Coupe од 2001 година и Z4 M-Coupe од 2007 година.
Остатокот ги вбројува моделите E39 M5 од 2002 година, E24 M6 од 1988 година, E28 M5 од 1988 година и 1M Coupe од 2011 година.