fbpx

Новиот Tarraco, најспортски модел во својот сегмент

Како поголем брат на Ateca и Arona, новиот модел во гамата на Seat претставува најпространиот SUV, кој се карактеризира со одличен изглед а притоа е опремен со седум седишта

zlatno trkalo finalist

Шпанскиот производител ја прошири својата SUV програма со уште еден модел, кој е опремен со седум седишта, а го носи името Seat Tarraco. Изграден да се натпреварува со Hyundai Santa Fe и Škoda Kodiaq, овој модел претставува најголемиот SUV во својата линија.

Новиот Tarraco е именуван по градот Тарагона во Шпанија, а ова произлезе одкако Seat побара од своите фанови да изберат име за нивниот последен модел. Како мешавина на функционалност и врвен дизајн, спортски изглед и удобеност, пристапност и квалитет, овој нов модел доаѓа во форма која одговара на поширок спектар на животни стилови. Со помош на овие особини, групацијата VW се надева дека овој SUV модел ќе привлече многу нови клиенти.

Овој шпански SUV е висок 1.658 mm а долг 4.735 mm, а се базира на MQB-A платформата, која исто така се користи и кај Skoda Kodiaq. Во предниот дел е имплементиран MacPherson системот за суспензија, а multi-link во задниот, со што Seat го нуди овој нов модел со адаптивни амортизери.

Овој модел се карактеризира со високо квалитетни материјали, повисоки спецификации и повеќе опрема од своите подружници.

Неговиот надворешен изглед наликува на тој кај Kodiaq, што сепак не е изненадувачки со оглед на споделениот архитектурски дизајн, иако Tarraco е маргинално подолг, понизок и позаоблен.

tarraco

Внатрешноста е опремена со 8-инчен инфозабавен систем со Android Auto, Apple CarPlay и Amazon Alexa, кој има опција за управување преку гестови. Инструмент таблата е дигитализирана со можност за повеќе конфигурации, додека дисплејот е со прилично висока резолуција. Од опрема овој модел исто така располага и со можност за безжично полнење на паметните телефони, како и BeatsAudio систем.

Од системите за помош на возачот, стандардната варијанта на овој модел е опремена со систем за позиционирање и задржување на возилото во лента, како и систем за детектирање на пешаците. Како дел од дополнителната опрема може да се изберат системите за детектирање на т.н. слепа точка, препознавање на сообраќајни знаци, адаптивен темпомат, систем за помош при управување во сообраќаен метеж кој забавува и забрзува наместо вас. Исто така тука се наоѓа и системот кој во случај на незгода ги известува итните служби.

tarraco1

Новиот Tarraco ќе биде достапен во две бензински и две дизел варијанти.

Основните бензински изведби ќе бидат погонувани со 1,5 литарскиот TSI мотор, кој испорачува моќност од 150 коњски сили, при што е поврзан со шест-степен мануелен менувач, а погонот се пренесува само на предните тркала.

Доколку сте заинтересирани за погон на сите четири тркала, тогаш единствената бензинска опција е 2,0 литарскиот TSI мотор со 190 коњски сили, кој доаѓа во комбинација со седум-степен автоматски менувач со двојна спојка и стандардниот 4Drive систем на Seat. Забрзувањето од 0-100 километри на час е за само 8 секунди, додека максималната брзина изнесува 211 километри на час.

tarraco

Дизел агрегатите кај овој SUV го користат истиот 2,0 литарски TDI мотор, но со две различни излезни моќности. Првата варијанта е со излезна моќност од 150 коњски сили, која е достапна со погон на предните или погон на сите четири тркала. Втората варијанта е помоќна со 190 коњски сили, која доаѓа само со погон на сите четири тркала и менувач со двојна спојка.

Seat ќе започне со продажба на Tarraco во Европа во почетокот на 2019 година.

Поврзани вести

Back to top button