fbpx

Нови генерации на мотори за Renault Talisman и Espace

Со цел да го прати трендот и да ја модифицира гамата Renault објави дека додава нова генерација погонски агрегати во портфолиото на Talisman и Espace.

„Со постојано слушање на нашите клиенти, ги освежуваме нашите автомобили, така што тие можат подобро да ги исполнат нивните барања“, се вели во соопштението на Renault. „Со својот дизајн Espace, Koleos и Talisman нудат удобност и префинетост кон деталите. Ние сме горди да го дополниме тоа и да ги демонстрираме новите Blue dCi и TCe GPF мотори. Во комбинација со 4CONTROL, тие нудат врвно задоволство во возењето заедно со урамнотежена потрошувачка на гориво“.

Новиот бензински TCe 225 е опремен со GPF филтер за честички, а дизелот Blue dCi доаѓа во верзии со 160 и 200 коњски сили и SCR технологија. Сите три нови мотори се поврзани со EDC-роботскиот менувач и ги исполнуваат строгите стандарди за емисија на Euro 6 Espace.

Поврзани вести

Back to top button